Секоја фирма има обврска да изврши регистрација на вистински сопственик во централниот регистар на Република Македонија.
Внес на податоци за вистински сопственици на субјектите
Одговорна институција: Централен регистар на Република Македонија (ЦРМ)
Уписот на вистински сопственик претставува внес на податоци за претходно утврден вистински сопственик на правниот субјект, преку дефинирање на индикаторот на сопственост, при што услугата се однесува на иницијалниот внес на вистинскиот сопственик и секоја промена на истиот.
Правните субјекти се одговорни за точноста, адекватноста и ажурноста на податоците внесени во Регистарот. Податоци за вистински сопственици се запишуваат само за правните субјекти за кои постои законска обврска да го запишат вистинскиот сопственик. Уписот се спроведува единствено електронски, преку интернет и тоа:
• Самостојно, од страна на овластеното лице за застапување на правниот субјект или
• Преку друго лице, овластено од правниот субјект да поднесе пријава во Регистарот.
- Може да се користи преку интернет
- Може да се користи со посредство на Овластен Сметководител
- Може да се користи со посредство на Адвокат
*Не може да се користи преку канцелариите на ЦРМ
ДАТАКОНТ ДООЕЛ Скопје врши брза и едноставна електронска регистрација на вистински сопственик.
About the author