Сметководствени услуги
Ангажирање на професионално книговодствено биро е една од најдобрите одлуки што една компанија може да ја донесе, и претставува основен предуслов за успешно финансиско работење.
Сметководствената дејност е исклучително комплексна и бара експертиза и знаење од широк спектар на активности кои се неопходни за правилно водење на сметководствените и книговодствените процеси, со цел задоволување на законски пропишаните стандарди.
ДАТАКОНТ ДООЕЛ Скопје, е лиценцирано книговодствено биро кое ги задоволува предвидените меѓународни стандарди за финансиско известување МСФИ, со искуство во сметководствената дејност од 25 години.
Сметководствените услуги кои ги нудиме се потврдени со склучен договор за сметководствени услуги со претходно транспарентно договорени цени на услугите.
Нашата експертиза се однесува на повеќе различни дејности кои ги вршат нашите клиенти:
- Услужни дејности
- ИТ компании
- Градежни фирми
- Производство
- Трговија на мало
- Трговија на големо
- Увоз / Извоз
Принципот на работа подразбира организирање водење на комплетно сметководство за клиентите и вклучува: преземање на комплетната сметководствена документација, класирање, книговодствена обработка, пресметка на плати, поднесување на редовни извештаи до менаџментот, креирање и поднесување на даночни пријави, составување и поднесување на годишна сметка. Покрај главните книговодствени активности, како дел од услугите влегуваат и помошните активности: пријава и одјава на работници, застапување на друштвото пред државните агенции, сметководствен и даночен консалтинг итн.
Навременото преземање и обработка на сметководствената документација е основен предуслов за елиминирање на грешките и навременото информирање. Преземањето на документите се врши еднаш или два пати во месецот во зависност од обемот на работа со претходно подготвен записник. Преземањето на документите го вршиме од просториите на клиентот без надомест.