Регистрација на Фирма

ОСНОВАЊЕ НА ФИРМА

Централен регистар на Република Македонија

Регистрирајте ја Вашата фирма во Централниот регистар на Република Македонија.

Oнлајн регистрација на фирма

Брзо и едноставни целата процедура трае помалку од 24 часа.

Потребни информации за регистрација на фирма:

  • Назив на новото Друштво
  • Име/Презиме на Основачот/те
  • Име/Презиме на Управител
  • ЕМБГ и бр.ЛК на Управител
  • ЕМБГ и бр.ЛК на Основачот/те
  • Шифра на дејност (тука)
  • Основачки влог (5000 евра во основни с-ва или пари)
  • Електронско сандаче

ЧЕКОРИ ЗА ОСНОВАЊЕ:

1. Пред започнување на процедурата за основање на нова фирма потребно е да се изврши проверка дали избраниот назив на фирмата е веќе регистриран во базата на Централниот Регистар на Република Македонија. Проверката можете да ја направите тука.

2. По успешната проверка се пристапува кон потпишување на документите потребни за основање.

3. Потпишаните документи се поднесуваат до Централниот Регистар на Република Македонија во електронски формат.

4. Регистраторите на Централниот регистар одлучуваат по предметот.

5. По позитивна одлука од регистраторите решението од новооснованата фирма може да се подигне од шалтерите на Централниот Регистар на Република Македонија.

Откако ќе биде издадено решението за новооснованата фирма, најнапред, потребно е да се изработат печати на фирмата по што, се пристапува кон отварање трансакциска сметка во претходно одбраната банка. Со активирањето на трансакциската сметка, фирмата е веќе активна во платниот промет на Република Македонија и истата може да започне да ги остварува остварува целите за коишто е основана.

Целата процедура трае помалку од 24 часа !

Целата процедура се реализира преку давокат со лиценца за регистрационен агент во Централниот Регистар на Република Македонија.

За проверка на цените на сметководствените услуги искористете го нашиот КАЛКУЛАТОР на сметководствени услуги.