Одредени промети се ослободен без право на одбивка на претходниот данок, како што се:
- прометот на станбени згради и станови, во оној дел, во кој истите се користат за станбени цели, со исклучок на првиот промет, кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата, како и iзнајмување на станбени објекти и станови, доколку истите се користат за станбени цели;
- прометот на поштенски и таксени марки по нивната номинална вредност, на коверти, поштенски картички и други поштенски вредносници на кои се втиснати поштенски марки, како и на контролни маркици (бандероли) и поштенски услуги од страна на Македонската пошта;
- банкарски и финансиски промет, услуги на осигурување и реосигурување, вклучувајќи ги со нив поврзаните услуги на осигурителни брокери и агенти;
- игри на среќа и забавни игри, чие изведување е регулирано со Законот за игрите на среќа и за забавните игри;
- образовни услуги, Здравствени услуги;
- услуги и промет на добра од страна на установи за социјална грижа и заштита, вклучувајќи ги услугите на домови за хоспитализирање, нега и лечење на стари лица;
- услуги во рамките на згрижување и надзор на деца и младинци, како и со нив тесно поврзан промет на добра;
- услуги во рамки на сместување на деца и младинци со цел нивно воспитување, образование или дообразување, како и со нив тесно поврзан промет на добра;
- меѓународен превоз на патници,
- прометот од установите што вршат дејност од областа на културата со непрофитна цел за културните услуги и добра непосредно поврзани со тие услуги.
Одредени промети се ослободен со право на одбивка на претходниот данок, како што се:
- извоз на добра;
- прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат од земјата во слободни зони, царински зони или царински складови;
- услуги поврзани со увозот, извозот и транзитот ;
- прометот на злато и други благородни метали према централни банки;
- прометот, модификацијата, поправката, одржувањето, чартерингот и изнајмувањето на летала кои се користат главно во меѓународниот комерцијален воздушен сообраќај, како и испораката, изнајмувањето, поправката и одржувањето на добрата кои служат за опремување на леталото; како и прометот на добра и услуги кои се во врска со подмирување на непосредните потреби на летала;
- меѓународниот воздушен превоз на патници во воздушниот сообраќај;
- При увозот на добра во земјата, исто така се предвидени определени ослободувања, а кои што се таксативно наброени во самиот закон.
- По барање на даночни обврзници кои немаат седиште или подружница во Република Македонија и кои не извршуваат никаков промет во неа, им се враќа претходниот данок платен за набавките во земјата.
- На непрофитните организации им се одобрува враќање на ДДВ, за прометот и увозот на добра кои се пренесени во странство каде се користат за хуманитарни, добротворни или образовни цели.
- Доколку странското дипломатско или конзуларно претставништво набави добра или користи услуги за службени потреби во земјата, ќе му се изврши враќање на платениот ДДВ, за фактурите чиј износ надминува 5.000 денари, вклучувајки го ДДВ.
- Враќањето на ДДВ му се одобрува и на дипломатскиот персонал, доколку наведените лица стекнале добра или користеле услуги во земјата за лични потреби. Во тој случај, враќањето се ограничува на вкупен износ од 50.000 денари за соодветната календарска година.
- Меѓународните организации и нивните членови ќе обезбедат враќање на ДДВ, за прометот на добра или услуги извршени према нив, според условите и ограничувањата утврдени со меѓународни спогодби.