Ангажирање на професионално книговодствено биро е една од најдобрите одлуки што една компанија може да ја донесе, и претставува основен предуслов за успешно финансиско работење.
Сметководствената дејност е исклучително комплексна и бара експертиза и знаење од широк спектар на активности кои се неопходни за правилно водење на сметководствените и книговодствените процеси, со цел задоволување на законски пропишаните стандарди.
ДАТАКОНТ ДООЕЛ Скопје, е лиценцирано книговодствено биро кое ги задоволува предвидените меѓународни стандарди за финансиско известување МСФИ, со искуство во сметководствената дејност од 25 години.
Сметководствените услуги кои ги нудиме се потврдени со склучен договор за сметководствени услуги со претходно транспарентно договорени цени на услугите.
Нашата експертиза се однесува на повеќе различни дејности кои ги вршат нашите клиенти:
Принципот на работа подразбира организирање водење на комплетно сметководство за клиентите и вклучува: преземање на комплетната сметководствена документација, класирање, книговодствена обработка, пресметка на плати, поднесување на редовни извештаи до менаџментот, креирање и поднесување на даночни пријави, составување и поднесување на годишна сметка. Покрај главните книговодствени активности, како дел од услугите влегуваат и помошните активности: пријава и одјава на работници, застапување на друштвото пред државните агенции, сметководствен и даночен консалтинг итн.
Навременото преземање и обработка на сметководствената документација е основен предуслов за елиминирање на грешките и навременото информирање. Преземањето на документите се врши еднаш или два пати во месецот во зависност од обемот на работа со претходно подготвен записник. Преземањето на документите го вршиме од просториите на клиентот без надомест.
Финансиско книговодство
Материјално книговодство
Пресметка на плата
Подготовка на даночни пријави
Систем на Е-ППД
Благајна
Правни и Економско советување
ЦЕНА: КАЛКУЛАТОР
Основен пакет +
Пријава и одјава на вработени
Застапување на фирмата пред владини институции
ЦЕНА: ОСНОВЕН ПАКЕТ + 20%
Проширен +
Целосна бизнис поддршка
Подигање на сметководствена документација од Вашите простории
Изработка на завршна сметка
ЦЕНА: ПРОШИРЕН ПАКЕТ + 20%