Продолжување на рокот за субвенционирање на микро мали и средни претпријатија

Продолжување на рокот за субвенционирање на микро мали и средни претпријатија

Министерството за економија на Република Македонија ја извести јавноста за продолжување на рокот за аплицирање за финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија.

Првично објавениот јавен повик кој беше објавен на 04.04.2022 год. се продолжува до 30.06.2022 година.

Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година, член 2, МЕРКА 1, опфаќа сите микро, мали и средни претпријатија кои имаат вработено најмалку три лица или најмалку две лица доколку претпријатието апликант е во сопственост или е управувано од страна на женско лице.

Со мерката се покриваат трошоците во висина од 30% за набавка на машини до 200.000 ден. по апликант.

Право на учество на јавниот повик имаат само компании со мнозински домашен капитал над 50%.

Комплетната документација и условите за учеството на повикот можете да ги најдете на следниот линк

 

 

About the author

Datakont administrator