Обврзник на персоналниот данок на доход е секое физичко лице резидент на Република Македонија за неговиот светски доход, односно доходот што го остварува во земјата и странство. Обврзник е и лице нерезидент за доходот што го остварува од извори во Република Македонија.
Како резидент се смета физичкото лице кое на територијата на Република Македонија има постојано живалиште и престојувалиште, односно доколку престојува во Република Македонија непрекинато или со прекини 183 дена или повеќе во рамките на 12 месечен период.